Стејл Герардсен од Норвешка е дел од татковците кои одлучиле да го искористат правото на породилно отсуство за да останат дома со своите бебиња.
За да пронајде хумор во хаосот на татковството, забавниот артист создаде илустрации кои ќе го насмеат секој родител. Од вечната борба при хранење, до менувањето миризлива пелена и непреспаните ноќи... Погледнете ги хумористичните илустрации на Герардсен:
Најважно е детето да биде суво

Основно правило: Не дозволувајте кашата да се исуши

И земете пелена пред да го смеете бебето

Никој не може да ја надмине реакцијата на тато

Сите деца се еднакво вредни

Секој татко е жилав како магаре

И бестрашен пријател

Сите родители мечтаат за такво копче

Кога сте на породилно отсуство, престанувате да брзате

И танцувате колку што ви душа сака

Но, навечер сè уште ви доаѓа да се откажете
