Сесил Чао, милијардер од Хонг Конг, понудил „награда“ од 50 милиони евра за да пронајде маж кој ќе ја заведе неговата ќерка Џиџи Чао. 76-годишниот тајкун јавно ја објавил бизарната понуда откако се дознало дека неговата ќерка стапила во брак со долгогодишната партнерка во Франција.
Богатиот татко, кој тврди дека спиел со над 10.000 жени, не може да го прифати бракот на 33-годишната Џиџи и сè уште тврди дека таа не е во врска.
„Не ми е важно дали е богат или сиромав – важно е да биде великодушен и добар. Џиџи е добра жена, надарена со таленти и убав изглед. Таа е посветена на своите родители, великодушна е и волонтира“ – изјавил Сесил за South China Morning Post.
Според Сесил, големата „награда“ треба да привлече некој кој има талент, но нема доволно средства за да започне свој бизнис.
И покрај дебелата сума, веројатно нема да се најде маж кој ќе ја освои Џиџи. Странските медиуми објавија дека таа била седум години во врска со својата девојка пред да стапат во брак во април.
Многумина ја осудија ваквата постапка на Сесил. „Колку понижувачки кон кутрата девојка“, „Господин Чао треба да престане да живее во заблуда и да биде среќен што има толку убава ќерка, која очигледно пронашла среќа со партнер кој таа го сака“, „Сесил, звучи како да си ја продаваш ќерката“ – коментирале читателите на весникот кој ја објавил „дарежливата“ понуда.