Почетна » Новости » Занимливости » Татко накратко ја прекина свадбата за да го земе очувот и заедно да ја испратат ќерката до зетот

Татко накратко ја прекина свадбата за да го земе очувот и заедно да ја испратат ќерката до зетот

Татко за момент ја запре свадбената церемонија на неговата ќерка за да им одржи на сите прекрасна лекција – љубовта кон децата нема граница.

Кога Том Бахман ја пуштил раката на својата ќерка додека чекореле кон нејзиниот избраник, сите присутни останале зачудени од неговото однесување. Тој требало да ја одведе ќерка си до зетот, а не да се враќа наназад. Но, Том не го направил тоа со лоша намера, напротив.

Грижливиот татко ја грабнал раката на очувот на неговата сакана ќерка, зашто сметал дека и тој има право да чекори заедно со нив. Емотивниот гест и емотивната реакција на очувот не оставиле ниту еден гостин рамнодушен.

Свадба Свадба Свадба

Фотографката Делија Блекбурн била таму за да го овековечи моментот кој допре до милион лица низ светот.

„НЕМАШЕ СУВО ОКО на церемонијата! Честитам Том Бахман за тоа што им покажа на твоите деца што навистина значи вистинска љубов... љубов кон децата“ – пишува таа.

Свадба

Излишно е да се каже дека невестата е вистинска среќничка што ги има овие двајца мажи во татковска улога.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21647 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.