Татко на петорка постави нов Гинисов рекорд откако истрча полумаратон туркајќи ги петте мали деца во специјално дизајнирана количка.
Чад Кемпел ја заврши трката од 21 километар за 2 часа и 19 секунди. Количката со
„Децата викаа: ‘Трчај побрзо тато!’. Мислеа дека е смешно“ – изјавил Чад. „Со мене носев натпис на кој пишуваше: ‘Сè е возможно’. Постојано ја повторувам таа фраза и изгледа дека функционира. Пред неколку дена, ќерка ми рече ‘Не можам да го кренам ова’, но потоа застана и извика ‘Сè е возможно!’“ – додал тој.
Неговата сопруга Ејми возела со велосипед покрај нив, за да ги бодри и да помогне со децата доколку има потреба.
„Се препотував, не знаев дали ќе можам да продолжам. Заборавив колку е тешко, особено кога трчаш на угорница“ – признал Кемпел.
Ова не е првпат Чад да влезе во Гинисовата книга. Во 2019 година, тој постави уште еден рекорд откако истрча маратон (41,8 километри) за 5 часа и 31 минута, додека ги туркаше децата.
Тогаш, тој продолжил да трча уште по завршувањето на маратонот во чест на неговата сопруга, која ја носеше петорката. „Ова не е ништо споредено со тоа што таа го помина, но сакав да ѝ оддадам почит“ – рекол Чад.
„Трчањето е моето бегство, мојот антидепресив. Секоја емоција ја врзувам со трчањето. Кога ја добивме петорката, не очекував дека ќе трчам додека истовреме ги туркам сите нив“ – изјавил Чад минатата година.
Линколн, Ноел, Грејсон, Престон и Габриела се родија во јануари 2018 година. Чад и Ејми имаат уште две ќерки, 7-годишната Савана и 5-годишната Ејвери.