Почетна » Новости » Занимливости » „Сè е за неа“: Татко трча полумаратони туркајќи ја ќерката со церебрална парализа во количка

„Сè е за неа“: Татко трча полумаратони туркајќи ја ќерката со церебрална парализа во количка

Родителите прават сè за своите деца. Татко од Калифорнија трча полумаратони туркајќи ја својата ќерка во инвалидска количка.

„Сè е за неа, навистина ужива во тоа. Го обожава. Само тоа е важно“ – вели посветениот маж, кој неодамна го заврши 10-тиот полумаратон со ќерка си Габи.

24-годишната девојка била родена со синдром кој ги оштетува кожата, очите и мозокот, предизвикувајќи интелектуална попреченост и напади. Габи има и церебрална парализа и сколиоза, што влијае врз нејзиниот говор и менталниот развој.

Татко и ќерка Татко и ќерка

Џејмс постојано трча и тренира за да може да издржува до крајот на секоја трка. „Во зимските месеци тренирам беа неа. Многу е студено. Се обидувам повеќето тренинзи да ги правам со количката. Ако тренирам сам, лесно е да бидам побрз, па не можам да го оценам мојот напредок“ – вели тој.

Татко и ќерка

Џејмс вели дека Габи обожава музика и дека поради тоа поставиле звучник на количката. „Ставивме звучник во количката. Таа е љубител на музиката, сака да танцува и да вреска на омилената песна“ – изјавил тој.

Татко и ќерка Татко и ќерка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.