Женска танчарска група од Либан направи бум во „America’s Got Talent“, а најмногу ја освои Софија Вергара.
Танчарките од Либан, кои се нарекуваат The Mayyas, ветија дека ќе го хипнотизираат жирито и очигледно успеаја во тоа, бидејќи Вергара го притисна „златното копче“ со кое ги катапултира директно во фазата со настапи во живо.
Пред изведбата, амбициозните девојки порачаа: „Сакаме да му покажеме на светот дека сме способни да застанеме на нозе како силни и моќни жени.“