Стопанска банка АД – Скопје промовираше мобилна апликација која бесплатно е достапна за сите корисници на „паметни телефони“ на Android или iPhone платформа.
Мобилната апликација е резултат на технолошкиот развој на мобилните телефони кои се наше секојдневие и се повеќе претставуваат моќна алатка за модерниот човек. Покрај временските услови, најновите вести, социјалните мрежи, сега и Банката е достапна на врв на прстите на мобилниот телефон. Апликацијата нуди можност за проверка на локации и работно време на филијали, банкомати, трговци кај кои може да се плаќа на рати без камата, курсна листа, кредитни и депозитни производи, каматни стапки и калкулатори во секое време.
Дополнително, за првпат во Македонија може да се аплицира и за кредитен производ преку мобилната апликација, но најголемиот бенефит е m-banking сервисот кој овозможува клиентите да се најават со свои корисничко име и лозинка и да имаат постојан увид во сопствените сметки, картички, изводи, извештаи и други податоци во секое време.
Овој персонализиран однос на Банката кон своите клиенти веруваме дека ќе биде интересен за сите корисници, а уште повеќе интерес очекуваме да предизвика и планираното воведување на безбедни m-banking плаќања со што ќе се надополни i-bank портфолиото на алтернативни канали. Како и досега, сите наши иновации се фокусирани на крајниот корисник кој добива поголема слобода и канали за комуникација со Банката, но и олеснето управување со своите финансии.
Апликацијата може да ја симнете од Google Play Store (тука) и Apple App Store (наскоро).