Почетна » Новости » Занимливости » Среќната Илма од „X Factor“: Не знаев дали да плачам или да се смеам

Среќната Илма од „X Factor“: Не знаев дали да плачам или да се смеам

Илма Карахмет стана балканска ѕвезда преку ноќ. На 13-годишната девојка не ѝ требаше многу време за да освои илјадници со својот моќен глас. Со изведбата на песната „Има еден свет“ од Зорица Конџа, Илма ги освои симпатиите на жирито и на бројната публика.

Одушевеното жири ја опсипа со комплименти, а кога Жељко ѝ пријде на сцената и ѝ ја бакна раката, таа затреперила од силни емоции. „Во тој момент не знаев дали да плачам или да се смеам. Почнав да се тресам. Прашање беше дали ќе се срушам или ќе останам на нозе“ – рекла среќната девојка.

Илма Карахмет

Илма, која е осмо одделение и живее во Кисељак, БиХ, стана фаворит уште од првото шоу. Сè уште многумина не можат да веруваат дека иако е толку млада, успеа да испее толку тешка песна.

Зорица Конџа вели дека била скептична. „Точно е, бев скептична, бидејќи за оваа песна треба да имаш малку повеќе зрелост и глас. Но, откако ја слушнав изведбата, бев повеќе од изненадена, бидејќи видов девојче, а слушнав веќе формиран глас, музикалност и голем талент. Затоа мила Илма, од сè срце сакам да ти се остварат соништата“ – рекла таа.

Илма Карахмет

Вечерта кога се емитуваше првата епизода од шоуто, Илма добила илјадници пораки од обожаватели. „Додека ја гледав снимката од изведбата, веќе на половина песна почнаа да ми стигнуваат пораки. Не стигнав на сите да им одговорам. Останав будна до 4.30 по полноќ за да стигнам, но беше невозможно. Само им велам на моите родители: Свесни ли сте вие што имате дома? Тие се смеат“ – раскажала радосната девојка.

Илма открила и дека не оди во музичко училиште, но редовно посетува школа за свирење гитара, каде не свири, но настапува со другите. Досега настапувала само на училишни приредби, политички митинзи, хуманитарни концерти и некои фестивали.

Илма Карахмет

Кога станува збор за музички идоли, таа им се восхитува на Саша Ковачевиќ и Бијонсе. „Од домашните, го сакам Саша Ковачевиќ, некако ми е најдраг, најмногу го слушам. Од странските, слушам повеќе, но Бијонсе е Бијонсе. Меѓутоа, ако нешто биде од мене, сакам да бидам своја, но да бидам Бијонсе!“ – изјавила таа.

Илма со гордост раскажува за позитивните реакции во шоуто: „Луѓето од X Factor им рекоа на моите родители: Ова дете не е нормално, однесете го на доктор, не затоа што е болно, туку затоа што е ненормално колку високо пее.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20826 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.