Под мотото „Со здрава храна до здрави генерации”, вчера децата од градинката Кукушка, во организација на Битолската Млекара – БиМилк и Виталиа, а по повод 16 октомври Светскиот ден на храната, одржаа едукативна претстава во Пионерскиот дом „Карпош“ во Скопје.
Целта на претставата беше преку забава и едукација на јазик и начин близок на децата, да се информира за важностa од секојдневната консумација на млечните производи, и тоа од најрана возраст што е неопходно за здрав раст и развој. Дечињата истовремено имаа можност да ги вкусат неодоливите чоколадни млека, како и прекрасните Мусли Бар, кои заедно се идеална комбинација за здрав оброк.
„Грижата за децата и нивното правилно развивање отсекогаш претставувало приоритет во нашето работење, а со нашите производи пораснаа низа генерации. Овој светски ден беше извонредна можност да се дружиме со децата од предучилишна возраст и да ги едуцираме за важноста на правилната исхрана, а истовремено им дарувавме и чоколадно млеко – исклучително вкусен напиток богат со протеини и јаглехидрати, кој дава енергија и помага полесно да се совладаат тешките умствени и физички задачи кои му претстојат на организмот во развој. БиМилк и Виталиа и во иднина ќе се трудат да укажуваат на важноста од здравите прехранбени навики и да внесуваат што е можно повеќе радост во детските срца” – изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк.
Како општествено одговорни компании, „БиМилк“ и „Виталиа“ и понатаму ќе останат посветени на одржување и промовирање на здрав начин на живот и здрава животна околина, како и производство на здрава и безбедна храна, неопходна за правилно развивање на младите, како и реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која ѝ припаѓаат.