Зимата е студена, но и магична.
Млада фотографка го насочува фотоапаратот кон својот роден град Москва за да ја долови убавината на студената сезона. Фотографиите на Кристина Макеева редовно привлекуваат внимание на Instagram.
„Во нашиот град има многу светилки, кои се вклучуваат навечер, па во оние ноќи кога паѓа снег, атмосферата во Москва е како од бајките“ – пишува Макеева.
Погледнете на московската зимска идила: