Почетна » Новости » Занимливости » Смешни начини на кои родителските стилови на мајките и татковците се разликуваат

Смешни начини на кои родителските стилови на мајките и татковците се разликуваат

Авторката Кристи Казин од блогот „Mama Needs More Coffee“ сосем вистинито опиша како се однесуваат мајките, а како татковците во различни ситуации.

Прочитајте го нејзиниот текст:

Мајките и татковците се разликуваат кога станува збор за нивниот родителски стил. Се смеам секогаш кога ќе треба да ги споредам еден со друг. Двајцата родители прават прекрасен тим кога се заедно, но не можам, а да не се насмеам на урнебесните вистини за Мајчинскиот vs. Татковскиот стил на родителство:

Кристи Казин

Време за играње

Мајката – Игра со децата преправајќи се дека се суперхерои, ги брка децата носејќи наметка, а потоа прашува дали сакаат ужина.

Таткото – Ги фрла децата во воздух додека тие се смеат неконтролирано, преправајќи се дека летаат со ракета. Мајката е загрижена, додека децата молат за уште.

Мала повреда

Мајката – Трча кон повреденото дете, го ниша и го теши додека да се смири. Потоа оди до замрзнувачот да земе мраз, а потоа следува еден час со цртани филмови и гушкање.

Таткото – Стави само малку кал, добро си, ќе помине.

Кристи Казин

Возење со автомобилот

Мајката – ‘Кој сака да си игра автомобилска игра?’

Таткото – Ги спушта прозорците, пушта гласна рок музика и вози додека децата танцуваат како манијаци.

Хранење на децата

Мајката – Ја аранжира чинијата за да добие форма на насмеано лице, додава пилешко, компир, пченка и мултивитамини.

Таткото – ‘Мама е излезена... Кој сака пица?’

Облекување на децата

Мајката – Избира координирана облека и уредно ја поставува претходната вечер.

Таткото – Ги остава децата сами да си ја изберат облеката, но не може да најде колан, па користи врвка од патики за да му ги врзе панталоните на детето (вистинска приказна).

Насамо со децата

Мајката – Ја чисти куќата, ја пере облеката, пече колачиња и игра карти со децата.

Таткото - Гледа „Avangers“ маратон со децата, надополнет со пуканки и бонбони за ручек.

Кристи Казин

Време за спиење

Мајката – Трча наоколу за да земе чаши со вода и омилените играчки. Време е да се измијат забите, да се кажат молитви, да се прочитаат приказни и време е за прегратки. Станува да си оди, но детето го чеша левото стапало, па таа останува за уште прегратки и рандом барања. Откако децата ќе заспијат, ја чисти кујната. Потоа легнува и размислува и се грижи следните два часа. Кога конечно ќе заспие, веднаш е разбудена од дете кое вика ‘Мамо!’.

Таткото – Прегратки, скокоткања и бакнежи. ‘Добра ноќ, ве сакам!’ Заспива само што ќе ја стави главата на перница, најверојатно пред децата. Спие до сабајле, а потоа вика: ‘Децата навистина добро се наспаа’.

Кристи Казин

Колку и да се смешни овие вистини, среќна сум што имам сопруг кој ги балансира моите потреби опсесивно да се грижам со неговата способност да го разведри расположението. Му благодарам на Бог што направи мајки и татковци да се балансираат еден со друг.

Кристи Казин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.