Велат дека душата се лекува кога сме покрај деца.
Денес седнете покрај вашите деца, слушнете го нивниот глас, слушнете ги нивните соништа и надежи. Дозволете им да ви раскажат како си ја замислуваат иднината и побарајте го нивното мислење кога носите одлуки поврзани со семејството.
Светот денес го одбележува Светскиот ден на детето, кој има за цел да ги поттикне училиштата, заедниците и институциите да ги поддржат децата.
Слоганот оваа година е „Слушнете ја иднината“ (Listen to the Future), преку кој треба сите да се посветиме на слушањето на детскиот глас. Од Обединетите Нации нè поттикнуваат да ги слушнеме надежите, соништата и визиите за иднината на нашите деца.
„Децата треба да бидат охрабрени гласно да го кажуваат своето мислење за светот во кој сакаат да живеат и наша одговорност е да слушаме и да ги поддржуваме нивните визии. Да започнеме“ – стои во соопштението на ОН.
Зошто е важно да се слушаат децата?
- Им се зголемува самодовербата и им покажува дека нивните идеи се ценети.
- Се охрабрува критичкото мислење.
- Се поттикнува креативноста.
- Се зајакнува врската меѓу родителот и детето.
Цитати за децата:
„Децата се како мокар цемент, што и да падне врз нив остава траг“ - Хаим Џинот
„Најдоброто наследство кое родител може да му го даде на детето е неколку минути од своето време секој ден“ – Орландо Батиста
„Секогаш бакнувајте ги децата за добра ноќ, дури и кога се заспани“ – Х. Џексон Браун
„Децата никогаш не биле добри во слушање на постарите, но никогаш не потфрлиле во нивното имитирање“ – Џејмс Болдвин
„Можете многу работи да научите од децата. На пример, колку многу трпение имате“ – Френклин П. Џонс
„Децата треба да бидат научени како да мислат, а не што да мислат“ – Маргарет Мид
„На децата им треба пример, не критика“ – Жозеф Жубер
„Децата се одлични имитатори, па дајте им нешто одлично за имитирање“ – Анонимен
„Ако сакате децата да ви бидат интелигентни, читајте им приказни. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште повеќе приказни“ – Алберт Ајнштајн
„Децата не се боенки. Не можете да ги пополните со вашите омилени бои“ – Калед Хосеини
„Личноста е личност, колку и да е мала“ – Д-р Сус
„Децата го заслужуваат правото да мислат дека можат да го променат светот“ – Луис Лоури
„Секое дете има капацитет да биде сè“ – Дорис Лесинг