Почетна » Новости » Занимливости » Слатки илустрации: Мали обврски за татковците по раѓањето на бебето

Слатки илустрации: Мали обврски за татковците по раѓањето на бебето

Секоја нова мајка има потреба од поддршка, љубов и разбирање по раѓањето на бебето, кога хормоните лудуваат во нејзиното тело.

Помеѓу бројните обврски и новата улога на мајка, родителството е вистински предизвик за жените. Ова е период кога тие имаат најголема потреба од своите избраници.

Тимот на Pregnancy Guide создаде слатки илустрации кои прикажуваат неколку мали „обврски“ што можат да ги преземат татковците, а со кои ќе ја олеснат грижата за новиот член во семејството.

1. Однесете ѝ храна и вода на саканата додека дои или го храни бебето

Секоја мајка има потреба од дополнителна енергија додека ги задоволува потребите на малечкото. Како грижлив сопруг и татко, проверете дали вашата сакана јадела квалитетен оброк и се напила течности.

Татко

2. Помогнете му на бебето да ждригне

На овој начин не само што ќе се поврзете со вашето малечко, туку и ќе ѝ дадете простор на новата мајка да здивне накратко.

Татко

3. Кажете ѝ дека ја сакате и цените

Вашата сакана помина низ многу промени за да создаде нов живот и сака редовно да ги слуша љубовните зборови со кои ѝ потврдувате дека ја сакате, како и мили комплименти кои ќе ѝ укажат дека цените сè што прави.

Татко

4. Избањајте го вашето бебенце

...Или научете ја рутината на вашата сакана и помогнете ѝ колку што можете. Бањањето е можност да си поиграте со вашето бебенце и да си ја зајакнете врската со него.

Татко

5. Пејте му, поиграјте си со него или прочитајте му приказна

Мајките сакаат да им ги овозможуваат сите забавни нешта на нивните малечки, но понекогаш немаат време за тоа. Преземете го играњето, за вашата партнерка да може да се одмори во тишина или да заврши некоја заостаната обврска.

Татко

6. Променете пелена

Не чекајте и штом видите дека бебето ја наполнило или намокрило пелената, веднаш фрлете се во акција.

Татко

7. Исчистете дома или пригответе оброк

Ништо нема да ја усреќи вашата сакана повеќе од чистиот дом и здравиот оброк. Покажете ѝ ја вашата љубов со дела.

Татко

8. Редовно пазарете за да не ви фали нешто

Татко

9. Овозможете ѝ дополнително време за спиење

Среќна мајка, среќно дете.

Татко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.