Фотографии од стадо слонови, кои лежат и одмараат по 15-месечно талкање низ Кина, го обиколија светот.
Уморните животни застанаа да се одморат откако силен дожд го забавил нивното патување. Тие досега имаат поминато 500 километри.
Стадото, во кое има три младенчиња, го напуштило природното живеалиште пред повеќе од една година и во текот на патувањето, направи штета во неколку населени места.
Кинеските власти го следат стадото со дрон и се обидуваат да го држат подалеку од населените места со помош на препреки и храна.
Азиските слонови се загрозен вид и се заштитени животни во Кина. Не се знае точната причина зошто го напуштиле живеалиштето во резерватот.