Почетна » Новости » Занимливости » Семејство отвори авто перална за да го вработи аутистичниот син, сега има 90 вработени со аутизам

Семејство отвори авто перална за да го вработи аутистичниот син, сега има 90 вработени со аутизам

Една добра идеја може да има неверојатен ефект врз општеството.

Пред една деценија, семејство од Флорида отвори авто перална за да го вработи аутистичниот син, а сега дури 90 од нивните вработени се лица со аутистичен спектар.

семејство од Флорида семејство од Флорида

Пералната за автомобили била отворена во 2012 година од Џон Д’Ери и неговото семејство, како решение за вработување на аутистичниот син Ендру.

Џон поминал многу непроспиени ноќи мислејќи што ќе прави неговиот син кога ќе стане полнолетен и како да најде начин да го направи независен.

„Како што Ендру растеше, Џон започнуваше да гледа дека, иако е млад и способен, за Ендру нема многу можности за работа. Тогаш, во 2011 година, кога Ендру наполни 21 година, Џон дојде до идеја да купи перална за автомобили и да го вработи Ендру и други лица како него“ – пишува на нивниот сајт.

МекензиЏон со двата сина Ендру и Том

Денес, нивниот бизнис „Rising Tide Car Wash“ расте со зголемена брзина. Целта е да укажат дека лицата со аутизам се способни за работа и дека треба да им се даде шанса да го покажат тоа.

„Ние испраќаме позитивна порака кон општеството дека луѓето со аутизам може да вршат многу добра работа. Па, можеби треба да им дадете шанса. Тие заработуваат, не се на туѓ товар, и тоа им дава чувство на гордост. Ох Боже, погледнете колку моќно влијание има тоа“ – изјавува сопственикот Џон.

Кога го основале бизнисот во 2012 година, нивните перални годишно ги посетувале 35.000 автомобили, а сега, таа бројка пораснала на над 150.000 возила годишно.

Ем среќни вработени, ем задоволни клиенти – што може да посака човек повеќе.

семејство од Флорида семејство од Флорида семејство од Флорида

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.