Мухамед Дрековиќ заслужува големи пофалби. Посветениот учител од основното училиште „Вук Караџиќ“ во Тутин со сопствени средства ја реновираше училницата за да ги изненади своите ученици на стартот на новата школска година.
Тој креираше одлично катче за дечињата, каде тие ќе можат да учат во убава атмосфера. Секое детенце доби свое шкафче каде ќе може да си ги чува книгите.
Мухамед имал помош од негов пријател со кого работеле во текот на летниот распуст.
„Ефективно се работеше околу една недела. Сакав децата да имаат убав простор и да им биде пријатно додека се во школо, бидејќи ова е нивен втор дом“ – изјавил учителот за српските медиуми.