„Ако сте го направиле детето заедно, заедно имате и должност да го израснете“. Оваа порака за ко-родителството ја испраќа Медисон Холи, чија фотографија вирално се прошири на социјалните мрежи.
На фотографијата, направена еден ден по раѓањето на нејзиното второ дете, се фотографирани нејзиниот поранешен партнер, со кого го има 3-годишниот Кејд, и нејзиниот свршеник со кого неодамна станаа родители на момче. Сите заедно функционираат, комуницираат и се среќаваат за доброто на нивните деца.
Еве ја пораката на Медисон:

Оваа фотографија беше направена 24 часа откако го родив моето второ синче Вејлон.
Мажот лево е мојот бивши, а 3-годишното момче кое му ја држи раката е моето прво дете Кејд, кое го имам заедно со него.
Мажот десно, кој му ја држи десната рака на син ми е мојот свршеник, а новороденото бебенце е наше заедничко дете.
Само затоа што една врска не функционирала помеѓу две личности НЕ ЗНАЧИ дека не треба да функционира и врската со детето. Никогаш не би им го одзела тоа. Секое дете има потреба од мајка и татко, а мојот син Кејд случајно добива и екстра љубов.
Бидете цивилизирани и изберете ко-родителство. Ако сте го направиле детето заедно, заедно имате и должност да го израснете.