ОК, јасно е, светот понекогаш се занимава со бесполезни прашања...
Кога минатата година се појави ФУСТАНОТ, милиони луѓе станаа дел од дилемата дали е бел со златно или индиго син со црно.
Сега, интернет корисниците имаат нова несериозна дискусија: „Каква боја се апостолките?“
que cor vocês tão vendo? pic.twitter.com/IBk6upSZz7
— arthur (@positivedemi) November 17, 2016
Додека мнозинството тврди дека се бели со златно, некои се убедени дека се сини со златно или сини со кафеаво или црно со сино.
„Големата дискусија“ започна на Twitter, а откако го обиколи светот, производителите на апостолките објавија дека тие всушност се тегет со светло сино.