Минатата година една од најзабавните интернет дилеми беше „Каква боја е фустанот“. Некои луѓе тврдеа дека е бел со златно, други пак беа убедени дека е син со црно.
Сега, милиони луѓе се забавуваат со дебатата „Каква боја е тренерката?“.
Новата „голема“ дебата започна откако корисник на Tumblr ја објави фотографијата со пораката: „Мојата пријателка ја има оваа тренерка и таа вели дека е бела со сино, но јас гледам црно и кафеаво. Ве молам кажете ми што гледате вие.“
Освен „сино/бело“ и „црно/кафеаво“, како опции се нудат и „зелено/златно“ и „зелено/кафеаво“.
Што велите?