Почетна » Новости » Занимливости » Свадбен компромис: Торта со две лица

Свадбен компромис: Торта со две лица

Бракот неретко бара од партнерите да прават компромиси, а едни младенци покажаа како изгледа тоа уште на првиот ден од својот брачен живот.

Кога Киа Парсонс и Били Банинг требало да одлучат како ќе изгледа нивната свадбена торта, желбата на Киа бела традиционална торта, додека Били посакувал позабавна варијанта која ќе ја отсликува неговата љубов кон суперхероите. Резултатот бил компромисна варијанта, која брзо стекна обожаватели низ светот – торта со две лица.

На фотографиите се гледа дека свадбената торта на англискиот пар однапред е онаква каква што посакувала невестата – со бисери, свила и бели ружи. Но, на задната страна зад завестите се ѕирка „суперхеројски колаж“ инспириран од Капетан Америка, Спајдермен, Бетмен и Железниот човек. Разумен свадбен компромис.

Торта со две лица Торта со две лица Торта со две лица

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.