Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ се на мисија да ја зачуваат традиционалната музика од заборав и да им ја доближат на младите.
12-годишното момче од Босна и Херцеговина со силни емоции ја отпеа македонската песна „Многу мерак имам бабо“ и повторно освои бројни комплименти.
„Нашата желба е традиционалната народна музика на сите народи и народности да ја оттргнеме од заборав и да ја претставиме пред светот на некој наш начин во некое ново руво.“
„Наша желба со Ајдин е тие преубави текстови и мелодии исткаени од чисти емоции да ги направиме достапни за младите луѓе, а на малку повозрасните да им вратиме сеќавања на некои убави моменти и сеќавања на минатото.“
„Оваа преубава традиционална песна ви ја поклонуваме на сите вас кои верувате дека музиката е универзален јазик кој ги спојува луѓето и не познава граници“ – напиша неговиот ментор на Facebook.