Откако ја одушеви Македонија и регионот со моќната изведба на „Јано мори“, Ајдин Османовиќ отпеа уште две македонски песни.
Талентираното 12-годишно момче од Босна и Херцеговина ќе ви разбуди силни емоции со „Јовано, Јованке“ и „Зајди, зајди, јасно сонце“. Додека Ајдин пее, неговиот професор Јасмин Брашњиќ му свири на пијано.
„Уживајте“ – пишува тој на видеата објавени на Facebook.