Додека конфликтите во Украина сé уште продолжуваат, група деца и тинејџери се во мисија да „му покажат на светот дека светлината секогаш победува“.
Light Balance Kids од Украина се талентирани млади танчари кои користат иновативна технологија за да создадат уникатен впечаток додека танцуваат. Групата стигна до финалето во 14-тата сезона на „America’s Got Talent“, па беше поканета да учествува и на овогодишното „America’s Got Talent: All-Stars“ кое се емитува во моментот.
Групата е составена од 13 лица на возраст од 11 до 14 години. Родителите на некои од нив сé уште се борат во нивната татковина.
„Сакаме повторно да има мир во нашата земја. Сакаме да му покажеме на светот дека светлината секогаш победува“ – рекоа тие пред настапот.
Погледнете со каков танц го натераа Хоуи Мендел да го притисне златното копче: