Родителите понекогаш влегуваат во долгови за да им обезбедат добар и удобен живот на своите деца, а потоа цел живот работат за да ги исплатат.
Кевин и Џереми се благодарни за жртвата која ја направиле нивните мајка и татко и за Божиќ им приредија прекрасно изненадување.
Браќата преку писмо им соопштија на родителите дека им го исплатија целиот долг и дека сега конечно ќе можат да се пензионираат и да уживаат во остатокот од животот.
Брачните партнери потекнуваат од Филипини, а се преселиле во САД пред 20 години. Тие основале стоматолошка ординација и работеле напорно за да им обезбедат добар живот на синовите. Сега, откако тие пораснаа и се осамостоија, одлучија да им возвратат на родителите.
Таткото моментално се бори со рак во четврт стадиум.