Рибар им помогна на лица од 121 фамилија да се спасат за време на поплавите во градот Итабуна во Бразил.
Користејќи го единственото нешто што му остана, неговиот сплав, Жан со помош на неговиот брат несебично веслаше 37 часа без престан за да ги одведе жителите на сигурно место.
Откако се прослави како херој во најтешката катастрофа во историјата на земјата, во која 20 лица го изгубија животот, за Жан беше организирана акција за собирање средства со цел да му се купи нов дом.
„(Бразил) Рибарот Жан и неговиот брат го помина Бадник во Итабуна, Баија, користејќи го единственото нешто што им остана – сплавот – за да спасат 121 фамилија. Херојот, кој го изгуби својот дом во поплавите, работеше нонстоп цели 37 часа движејќи се низ водата длабока 3 метри за да помогне на колку што е можно повеќе луѓе. Беа собрани средства за да му се купи нов дом. Жан е добра вест во Бразил“ – пишува во објавата за Жан.