Во зоолошка градина во Тенеси се роди еднобојна жирафа. Овој редок случај привлече големо внимание кај јавноста и се верува дека е единствена жирафа во светот без препознатливите дамки.
„Експертите веруваат дека таа е единствената еднобојна жирафа која живее на планетата“ – изјавиле од зоолошката.
Според Зоолошкото здружение на Кливленд, дамките на жирафите се слични како нашите отпечатоци на прстите, бидејќи се уникатни за секое животно. Тие им служат за камуфлажа во дивината.
Од Зоолошката градина објавија натпревар за избирање на име за уникатната женска жирафа.
Новороденото животно веќе е високо 182 сантиметри и оди самостојно.