Буенос Аирес не само што има најмногу книжарници според бројот на жители, туку ја има и една од најубавите книжарници во светот.
Книжарницата „El Ateneo Grand Splendid“ во аргентинската метропола дефинитивно е рај за библиофили. Импресивниот простор исполнет со бројни полици за книги прво бил театар, но во 20-тите години на минатиот век станал кино.
Во 2008 година, угледниот весник „The Guardian“ ја стави „El Ateneo“ на второ место на листата на најубави книжарници во светот.
Над еден милион луѓе од целиот свет секоја година ја посетуваат книжарницата и купуваат околу 700.000 книги.