Алена Кравченко постојано привлекува нови обожаватели на социјалните мрежи со својата коса долга 180 сантиметри.
34-годишната Украинка, која е мајка на 7-годишни близначки, посветено ја расте и негува својата коса од 5-годишна возраст и нема намера да престане. Таа вели дека љубовта кон долгата коса ја наследила од мајка си.
„Уште во детството мајка ми ми велеше дека долгата плетенка ја краси жената, а нејзините зборови живеат во моето срце и мојата душа цел живот. Мојата љубов за мојата плетенка е толку силна што ниту во една секунда не сум помислила на скратување на косата. Не можам да се гледам ниту да се замислам со кратка коса или со друга боја на косата“ – вели Алена.
Алена минимално ги потстрижува врвовите на нејзината коса двапати годишно. Таа ја мие косата еднаш неделно и секогаш ја суши на природен начин. „Главното нешто што никогаш не го правам: Не ја сушам мојата коса со фен, не користам пегли за коса, не ја чешлам косата мокра. Ја мијам еднаш неделно, користам природни маски, различни топови на масла за нега на косата, а основната нега е со професионална козметика.“
„Кога луѓето ќе ја видат должината на мојата коса, тие не можат да си го скријат ентузијастичкиот израз и емоциите, многу е убаво. Многумина ми велат и дека тоа е многу невообичаено и убаво во денешно време.“
„Моите следбеници се најдобри и секогаш ме восхитуваат со нивните позитивни и добри коментари кон мене. Многу мажи ѝ се одушевуваат на мојата коса и сакаат да се запознаат и да патуваат со мене, ме канат да ја посетам нивната земја... Најчесто не одговарам на пораките за да не им давам лажна надеж на мажите“ – вели Кравченко.
На сите оние кои сакаат да имаат долга убава коса Алена им порачува: „Основната тајна за долга убава коса е големата желба да имате ваква убавина. Не смеете да се сомневате ниту за момент. Колку повеќе ја сакате и штитите косата, толку поздрава и поубава ќе биде таа за возврат“.