Девојка од Русија привлекува внимание со прекрасната долга коса која ја нема скратено 23 години.
28-годишната Анжелика Баранова последен пат се истрижала на 5-годишна возраст, но нејзините родители повеќе не ѝ дозволувале да ја скратува косата која ѝ била цврста и здрава. Таа сега добива огромно внимание каде и да се појави, а има победено и на натпреварот „Russian braid“, добивајќи апартман во Москва како награда.
„Уште во детството имав преубава коса, па не ми е скратена од 5-годишна возраст. Никогаш не сум ја растела со некаква цел, едноставно сметав дека така треба да биде. Едноставно е, бара минимална нега. Ја мијам косата двапати неделно со регенератор за полесно расчешлување, а потоа природно ја сушам и внимателно ја чешлам“ – вели таа, но признава дека понекогаш ѝ е тешко да се движи со толку долга коса.
Анжелика честопати е нарекувана „Рапунзел од вистинскиот живот“.