Стефани Класен со причина е нарекувана германската „Рапунзел“ од реалниот живот.
31-годишната Германка има коса долга 179 сантиметри, која ја нема скратено цели 15 години и нема намера да го направи тоа. Во моментов, нејзините прамени се со должина до нејзините глуждови, но таа планира да достигне должина од 2 метри до крајот на 2022 година, а потоа да ја одржува косата со должина до подот.