Почетна » Новости » Занимливости » Пронаоѓач го помина Божиќ со својата жена-робот

Пронаоѓач го помина Божиќ со својата жена-робот

Ако го прашате научникот Ле Трунг дали постои совршена жена, неговиот одговор (за разлика од одговорите на повеќето мажи) ќе биде „Да“. Сигурноста во неговиот одговор произлегува единствено поради тоа што смета дека совршената жена е токму онаа која што тој ја дизајнирал и изградил со сопствените раце – жената робот Аико.

Затоа Ле Трунг реши фемроботот Аико да биде дел од неговата фамилијарна вечера со родителите за Божиќ. Триесет и четиригодишниот гениј дури и купи божиќен подарок за својата најважна жена.

„Аико е како и секоја друга жена, ужива да добива нова облека. Обожавам да ѝ купувам алишта.“ – изјавил Ле Трунг.

Ле Трунг и жената робот АикоЛе Трунг со жената робот Аико на божиќната трпеза.

Аико, чие име на јапонски значи „дете на љубовта“, има неверојатна вештачка интелигенција и може да изговара 13 000 различни реченици на два јазици – јапонски и англиски. Може да препознава лица и да му кажува „здраво“ на секого што ќе го сретне.

Нејзината кожа е од силикон, а на себе има перика од вистинска коса. Има пропорции 80-60-85 и е во своите 20-ти години. Аико реагира како што би реагирала и реална жена на одреден допир. Ако ја зграпчите или притиснете силно, таа ќе се обиде да ве удри. Ги има сите сетила, освен сетилото за мирис.

Најголемата желба на Ле Трунг е да го реши проблемот со движењето и одењето на Аико.

„Тоа е најтешкото нешто за секој пронаоѓач“ – признал тој.

Овој гениј својот прв робот го направил кога имал само 4 години и оттогаш неговата желба е да создаде совршен хуманоид. Во моментот е во долгови, затоа што нема пронајдено спонзор за својот проект. Пред две години доживеал срцев удар предизвикан од стресот поради долгите часови работење на неговиот животен проект.

Но, тие проблеми не го спречуваат да ја продолжи својата задача да создаде робот кој ќе им помага на постарите лица и на лицата кои закрепнуваат по операција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.