Принцот Вилијам ја покажа својата грижлива страна за време на вториот ден од посетата на Шкотска со војвотката Кетрин.
Додека кралскиот пар се поздравуваше со фанови во Глазгов, 39-годишниот Војвода од Кембриџ прегрна маж кој беше надвладеан од емоциите што го гледа идниот британски крал.
Вилијам и Кетрин ја посетија Групацијата „Wheatley“ за да видат како таа им го трансформира животот на лица од ранливи категории, вклучително и на лицата кои се бездомни.
40-годишната Војвотка изгледаше елегантно во блуза од брендот Cefinn и панталони и палто од Кетрин Вокер.