Војвотката Кетрин и принцот Вилијам објавија слатко видео во кое нивните деца му поставуваат прашања за животните на Сер Дејвид Атенборо.
Принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луи го прашуваат познатиот британски новинар и љубител на природата дали сака пајаци, кое животно му е омилено и кое животно следно ќе исчезне. Ова е прво видео во кое зборува 2-годишниот Луи, а било снимено од Кетрин и Вилијам во градината на Кенсингтонската палата.
Минатиот месец, кралскиот пар објави фотографии од нивната семејна средба со Атенборо по завршувањето на прикажувањето на неговиот филм „David Attenborough: A Life On Our Planet“.