Малата Еуфорија ќе ве освои на прв поглед со долгите трепки, слатката насмевка и кадравата коса. 2-годишното девојче од Англија постојано привлекува нови и нови обожаватели на Instagram, каде ја следат речиси 150 илјади лица.






Профилот на слатката Еуфорија го раководи нејзината мајка Шерил-Ен Стамп. Таа признава дека не очекувала толку голема популарност и дека во минатото велела дека нема да става фотографии од своето дете на социјалните мрежи. Откако гледала интервју во кое мајка на Instagram ѕвезда зборувала за придобивките од популарноста на социјалните мрежи – патувања, облека, подароци – Стамп започнала да размислува околу таа можност.
„Како родител, сакаш твоето дете да ги има сите можности. Јас не сум богата, не можам да ја испратам на Харвард, но можеби таа самата ќе стигне таму. Не можам да ѝ го пружам она што можат другите родители, па правам сè што можам за да ѝ создадам можности“ – вели таа и додава дека некои луѓе се родени богати, други со „врски“, а Еуфорија е родена убава.
























