Предвреме родени бебиња кои сè уште престојуваат на интензивна нега во болница во Висконсин добија неодоливи маски по повод претстојниот Халовин.
Десетина дена пред Ноќта на вештерките, вработените во болницата ги замолиле родителите на бебенцата да им смислат костими и да го одбележат нивниот прв Халовин.
Фотографиите од бебенцата се објавени од медицинскиот персонал во вид на натпревар, со цел да биде избрана наслатката маска.
„Алејзија е родена во 23-тата недела од бременоста. Од првиот ден, таа води тешка борба на одделот за интензивна нега. Нејзината борбеност ги инспирира родителите да ја облечат како мал боксер/борец, што навистина е“ – стои во описот на фотографија од Алејзија.
„Идентичните близначки Кели и Хана едвај чекаат да пораснат и да станат ирски танчари како нивното семејство.“