Неизмерната љубов и силната поврзаност помеѓу мајките и децата траат вечно. Дамите кои нè донеле на овој свет засекогаш ќе бидат наши идоли, личности на кои ќе се огледуваме и потпираме низ животот.
По повод Денот на жената, тимот на BoredPanda создаде фото-листа со свадбени фотографии на кои се овековечени прекрасни моменти помеѓу младенци и нивните мајки.
Фотографиите зрачат со топлина и чиста искрена љубов.












