Девојка целосно си го трансформираше изгледот откако во 2017 година одлучи да се стави себеси на прво место.
Ерин Килин отсекогаш имала атлетски градено тело, но пред неколку години, таа тотално го запоставила изгледот сè до моментот кога се качила на вагата и видела дека тежи 94 килограми. Тоа било повик за будење за неа и си поставила мисија да промени нешто кај себе.
Нејзиното фитнес патување започнало во 2018 година, а напредокот е неверојатен.
Сите започнуваме од некаде. За мене, тоа беше моментот кога видов 94 килограми на вагата. Се запрепастив како можев толку да се запоставам себеси. Знаев дека станувам потешка, но бидејќи избегнував огледала по секоја цена, не сфаќав колку многу тежина имам качено.
Никогаш немаше да ги споделам првите фотографии од мојот напредок, бидејќи бев засрамена и искрено, се грозев кога ги гледав. Но, потоа се вратив чекор наназад и помислив: ‘Како можам да зборувам за самодоверба, за славење на победите и за напредокот ако истовремено кријам едно од најголемите постигнувања само затоа што прави да се чувствувам неудобно?’
Сега, 23-годишната фитнес зависничка цели да ги инспирира своите фанови да го следат нејзиниот пример.
„Никогаш не мислев дека е можно да бидам толку среќна“ – пишува Ерин.