Почетна » Новости » Занимливости » Пред 41 година татко си го продаде автомобилот за да има пари за пелени, сега синот му го купи повторно

Пред 41 година татко си го продаде автомобилот за да има пари за пелени, сега синот му го купи повторно

Родителите би направиле сè за да им ги овозможат на децата најдобрите услови за живеење, но понекогаш и децата наоѓаат начини за да им возвратат за сите жртви.

Ерл Гајн го продал својот омилен автомобил пред 41 година за, како што вели тој, „пари за пелени“ кога дознал дека ќе стане татко. Сега, неговиот син Џеред пронајде начин како да му го врати возилото и да го изненади на 65-тиот роденден.

По долга потрага, Џеред успеал да го лоцира и купи автомобилот на татко му. Со одредени поправки, возилото било доведено во одлична состојба и тој можел да му го подари на Ерл.

Ерл Гајн

За татко му да не се посомнева во ништо, а за да го сними моментот со камера, Џеред рекол дека им ангажирано магионичар кој ќе снима видео за YouTube. Магионичарот го одвел Ерл надвор каде му го покажал автомобилот.

Солзите биле неизбежни:

Пред 41 година, во 1983 година, маж по име Ерл дозна дека неговата млада сопруга е бремена со неговиот прв син. Знаејќи ги финансиските потреби кои доаѓаа, тој донесе одлука да го продаде својот сакан автомобил. Тој син сум јас, а ја дознав оваа приказна кога бев тинејџер. Тато секогаш се шегуваше дека мораше да го продаде својот автомобил за пари за пелени.

Секогаш имаше искра во окото кога зборуваше за овој автомобил. Иако никогаш не признаваше, знаев дека длабоко во себе го сака тој автомобил повеќе одошто кој било друг кој го поседувал.

Татко ми се сеќаваше на многу специфични детали за овој автомобил кои јас ги имав во мојот мозок. Можев да замижам и да ги видам.

Во моментот кога дознав за овој автомобил, сонував еден ден да најдам начин некако да му го вратам. Вечерва, конечно успеав. Му го вратив автомобилот на татко ми. Целосно реставриран. Тој немаше претстава. Мајка ми немаше претстава. Никој не знаеше.

Со години го имав автомобилот во моја сопственост и цело време работев тајно на него за овој момент. Некако успеав да го зачувам како вистинска тајна. Откривањето беше совршено.

Со барање и среќа, го лоцирав автомобилот во Оклахома во 2022 година. Автомобилот беше ужасен, полн со проблеми со жиците, моторот и гумите. Но, беше здрав.

Вечерва, на неговиот 65-ти роденден, му ги предадов клучевите.

Само неколкупати во животот сум го видел татко ми како плаче. Тато само се смее, се кикоти и несебично дава сè од себе за да им служи на другите. Вечерва, го видов како плаче третпат, кога сфати дека автомобилот на паркингот кој личеше на неговиот, всушност беше неговиот. Беше шокиран. Ги фрли неговите раце околу мене.

Тоа беше еден од најубавите моменти во целиот мој живот. Те сакам тато. Ти благодарам за парите за пелени.

Ерл Гајн Ерл Гајн Ерл Гајн Ерл Гајн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19877 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.