Росица Мршиќ во соработка со Санда ќе ги промовираат првите македонски модни хулахопки.
Идејата стана реалност, скицата стана вистинско модно парче и конечно првите хулахопки потпишани од страна на дизајнер се присутни во Македонија. Креативната дизајнерка со препознатлив стил, Росица Мршиќ, го реализираше својот иновативен концепт токму за овој важен женски аксесоар – хулахопката, со помош на производителот на женски хулахопки Санда и направија полн погодок нудејќи на пазарот во Македонија автентично модно парче со висок квалитет.

Ракавицата е фрлена, предизвикот е прифатен, сè со цел да се понуди нешто ново на македонската жена, но и да се постават и подигнат критериумите за мода и модни додатоци во нашата земја.
Во рамките на манифестацијата Fashion Weekend во Скопје, како последен, но не помалку важен, на 25.03.2010 ќе биде одржан и модниот настан на Росица Мршиќ, каде за прв пат во рамките на целата колекција ќе бидат промовирани токму и овие хулахопки. Новите хулахопки ќе бидат достапни во студиото на Росица Мршиќ и во продажните места на Санда.