Netflix ги објави првите фотографии и краткиот тизер за втората сезона од „Squid Game“.
Хит-серијата која го освои светот ќе го има своето продолжение оваа година, а во него ќе се вратат дел од старите ликови.
Тизер:
Првата сезона од „Squid Game“ постигна огромен успех и стана најгледаната серија на платформата за стримување. Во неа, мистериозна покана да бидат дел од игра добиваат луѓе кои очајнички имаат потреба од пари. 456 натпреварувачи се борат за награда од 45,6 милијарди долари. Игрите кои тие ги играат се корејски детски игри, но последицата од губењето во нив е смрт.