Почетна » Новости » Занимливости » Практични совети: Gorenje апарати кои заштедуваат време и пари, но и ја штитат планетата

Практични совети: Gorenje апарати кои заштедуваат време и пари, но и ја штитат планетата

Само два едноставни чекори ве делат од поубав и поодржлив живот – ви ги откриваме!

Секој поединец - секој од нас - може да направи позитивна промена и да помогне во зачувувањето на планетата и животната средина со прифаќање на само еден едноставен совет за заштеда на енергија или намалување на отпадот и јаглеродот. Од начинот на кој ги користиме апаратите за домаќинство до нашите секојдневни навики, има практично безброј мали чекори, со кои ќе направиме големо влијание за подобар живот во хармонија со природата.

Во оваа прилика подготвивме два совети кои ќе ви помогнат секој ден да преземате неколку мали, но многу важни чекори за да ја спасите нашата планета.

Совет бр. 1: Гответе попаметно - заштедете енергија

Рерните трошат значителна количина на енергија и произведуваат големо количество топлина додека се вклучени, а остануваат топли извесно време откако ќе се исклучат. Како да го направите овој процес енергетски поефикасен?

Однапред загрејте ја рерната само ако така е наведено во рецептот или упатството. Доколку загревањето на рерната е наведено во рецептот, функцијата за брзо загревање, FastPreheat, во Gorenje рерните е одлична за заштеда на електрична енергија. OptiBake рерните од Gorenje достигнуваат температура до 200°C за само 4.5 минути, заштедувајќи 30% од времето потребно за класично загревање на рерната, што ги прави едни од најбрзите на пазарот.

Исто така, избегнувајте да ставате храна во рерната додека не се загрее целосно, освен ако не е поинаку препорачано.

Отстранувањето на непотребната опрема од рерната за време на печењето и воздржувањето од отворање на вратата на рерната, освен ако не е неопходно, исто така ќе придонесе за заштеда на енергија.

Дополнително, размислете за исклучување на рерната приближно 10 минути пред крајот на готвењето и користете ја акумулираната топлина за подолги програми за печење.

Gorenje

Совет бр. 2: Фрижидерот исто така може да заштеди енергија

Промисленоста може да придонесе не само за нашето подобро општо расположение, туку може да има и позитивно влијание врз трошоците на нашето домаќинство. Имајте јасна претстава за тоа што ви треба од вашиот фрижидер или замрзнувач уште пред да ја отворите вратата и држете ја отворена многу кратко време. Планирајте каде да ги оставите работите пред да ја отворите вратата за да го минимизирате влезот на топол воздух.

Фрижидерите од Gorenje со инвертер компресор подобро и побрзо се приспособуваат на температурните промени што се случуваат кога, на пример, ја отворате вратата, осигурувајќи дека вашата храна нема да се најде под влијание на температурните флуктуации (промени).

Фрижидерот со вистинска големина може исто така да помогне во борбата против отпадот од храна и заштедата на електрична енергија. Иако звучи контрадикторно (поголема димензија сигурно значи и поголема потрошувачка на енергија, нели?), но факт е дека кога имаме поголеми фрижидери, обично подобро ја подредуваме храната во нив, што всушност води кон помала количина на храна што се фрла. Со side by side фрижидерите од Gorenje, секогаш ќе може да ја надгледувате целата ваша складирана храна. Плус, правилно ќе може да го подредите вашиот фрижидер – распоредувајќи го на начин што најдобро им одговара на различни видови храна и нивните потреби за ладење за одржување на свежината.

Кога чувате прехранбени производи, користете пластични садови за повеќекратна употреба во замрзнувачот и стаклени садови за повеќекратна употреба во делот за фрижидер. Изберете мали садови кои лесно се ладат и замрзнуваат, бидејќи и поефикасно се одмрзнуваат. Оваа практика придонесува и за подобро управување со отпадот од храна.

Gorenje

Следењето на овие совети и трикови може да биде одличен почеток да се направи нешто добро за планетата секој ден. Разгледајте ги упатствата за користење на вашите апарати за домаќинство, каде што сигурно ќе најдете дополнителни корисни совети како да заштедите енергија при користење, како и други ресурси.

Време е секој од нас да направи се што може за да ја заштитиме планетата, бидејќи немаме друг дом, а состојбата со загадувањето стана речиси неподнослива. Мали чекори до големи промени, заеднички и секој од нас. Започнете денес!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.