По повод 100 години постоење, брендот Loro Piana внесе празнична магија во стоковната куќа „Harrods“ во Лондон, каде се наоѓа нивниот бутик.
Новогодишна елка висока 17 метри е поставена во центарот на грандиозната инсталација која се протега низ целата фасада на „Harrods“.
„Инсталацијата со тема 'Работилница на чудата' (Workshop of Wonders) раскажува приказна за влакно лесно како облак, кое лебди низ неверојатна механика, се трансформира во ткаенина и на крајот создава волшебна празнична елка од 17 метри декорирана со парчиња ткаенина и лампиони“ – пишуваат од италијанскиот бренд.
Ова место стана омилено за создавање празнични фотографии на блогерките и случајните минувачи.