Локоротондо повторно блесна во божиќно руво. Уличките во ова италијанско гратче се накитени со прекрасни лампиони, украси и сијалички кои ја будат празничната магија.
Романтичната атмосфера привлекува многу посетители, а е совршена за создавање одушевувачки фотографии.
На 13 декември секоја година се одбележува „Ноќта на свеќите“ (La Notte della Candela), кога поворка од мештани минува низ улиците со свеќа во рака. Глетката е прекрасна.