Во бутикот на Диор во Париз завладеа празничната магија. Продавницата во Градот на светлината и модата е украсена со огромна елка, која ги мами погледите на сите минувачи и инстантно стана омилено место за фотографирање на блогерките.
Инспирацијата зад овогодишните декорации е најновата колекција на Диор, создадена од првата креативна директорка во историјата на францускиот бренд, Марија Грација Киури.
Елката е накитена со украси со мотиви на диви животни, додека на врвот се наоѓа омилената среќна ѕвезда на Кристијан Диор.
И излозите се декорирани со истите мотиви.