Дебра Тени беше трогната до солзи од последното изненадување од нејзиниот покоен сопруг.
На Св. Валентин таа доби букет жолти рози со прикачена порака од нејзиниот сакан Ренди, кој неодамна ја загуби битката со ракот.
„Розите се црвени, темјанушките се сини, викам од Рајот дека секогаш ќе те сакам. Со љубов од твојот вечен Валентин“ – пишува во пораката.
Нејзината емотивна реакција трогнува срца.




Ренди и Дебра биле во брак 45 години. Секоја година на Денот на вљубените тој ѝ испраќал цвеќе и поема, па не сакал тоа да го прекине и по неговата смрт.
Тој го организирал изненадувањето со помош на семеен пријател.

