Последната желба на Арон Колинс била да разубави нечиј ден, а неговото семејство ја исполнило. 30-годишниот Американец кој починал на 7 јули во својот тестамент години пред смртта напишал:
„Оставете дарежлив бакшиш (Не зборувам за 25% од сметката. Мислам 500 долари за ***** пица) на келнер или келнерка“.
Бидејќи Арон не оставил пари, неговото семејство започнало да собира донации и само неколку дена по смртта ја собрале посочената сума и отишле во близок ресторан на пица.
Видеото ги покажува моментите кога братот на Арон ѝ го дава големиот бакшиш на келнерката и ѝ објаснува зошто го прави тоа.
Изненадената келнерка ги зема парите и вели: „Дали си сериозен? Не знам што да направам... Ќе ја раскажувам оваа приказна до крајот на мојот живот“. Исто така, таа вели дека дел од парите ќе им даде и на вработените во кујната на ресторанот.
Семејството на Арон смета дека тој со оваа постапка сакал да покаже добрина и дарежливост кон некој кој не е доволно оценет и на кого ќе му остави голем впечаток.
„Арон беше човек којшто пронаоѓаше голема радост во неочекуваната добрина. Еднаш, откако доби лоша услуга од нељубезна келнерка, тој ѝ остави бакшиш од 50 долари. Таквите нешта, дадени или примени, тој сметаше дека оставаат белег во животот“ – пишува братот на Арон на веб сајтот на кој луѓето продолжуваат да донираат пари за семејството да продолжи да ги радува случајните келнери и келнерки.
Досега се собрани 28.000 долари, доволно за да се усреќат 56 келнери.
Иако нема официјален извештај од полицијата, се верува дека Арон сам си го одзел животот.
Видеото предизвика голем интерес на YouTube. Погледнете го: