Почетна » Новости » Занимливости » Моќта на социјалните мрежи: Болно детенце доби подароци од целиот свет по објавувањето на видео во кое плаче

Моќта на социјалните мрежи: Болно детенце доби подароци од целиот свет по објавувањето на видео во кое плаче

Родители споделија видео од нивното тажно детенце кое страда од редок синдром и добија лавина добрина од целиот свет.

Малиот Сем плачел сам пред влезната врата, бидејќи неговата состојба неодамна се влошила. Мајката го снимила емотивниот момент и го објавила на TikTok каде го документираат животот на Сем, кој е во инвалидска количка.

@mcdonaldfamilystrong Sometimes nature can hear you better than anyone with ears. #joubertsyndrome #joubertsyndromeawareness #raresyndrome ♬ Tell Me Why I'm Waiting - Timmies/Shiloh

Откако видеото стана вирален хит и достигна 8 милиони прегледи, родителите објавија ново видео во кое ја покажуваат моќта на социјалните мрежи. Во него, Сем им се радува на многубројните подароци кои ги доби од „тиктокери“ од целиот свет.

„Го проверивме нашето поштенско сандаче и видовме дека е ПОЛНО со подароци од сите вас. Тој не можеше да поверува дека сите се за него. Подароците постојано пристигнуваа. Ти благодарам TikTok што направи нашето момче да се почувствува како милион долари“ – стои во видеото во кое Сем им се радува на добиените подароци.

@mcdonaldfamilystrong Thank you tiktok️ #joubertsyndrome #joubertsyndromeawareness ♬ Here Wiith Meee Ehhh (Remix) - FAITAH NADA

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.