Почетна » Новости » Занимливости » Пораки за Божиќ

Пораки за Божиќ

Христовото раѓање

Во деновите кога коледарчињата го исполнуваат воздухот со радост и веселост, кога звукот на црковните ѕвона одекнува насекаде и кога море од молитви се упатуваат кон небото, ти посакувам весел и благословен Божиќ.

Светол празник тропа на твојата врата. Пречекај го со вера и широка насмевка, а тој ќе ти возврати со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година. Христос се роди!

Нека божиќниот дух ти го стопли срцето, нека те одведе каде што ќе посакаш, нека ги исполни сите твои молитви и нека ти ја подари смиреноста, истрајноста и љубовта на Исус.

На овој Божиќен ден, посакувам да го почувствуваш божјото присуство во свеќите кои нежно ја шират светлината и да ја искусиш моќта на бескрајната љубов. Нека таа те води низ секој нов ден. Христос се роди!

Во оваа света ноќ дозволи магичната светлина на Витлеемската ѕвезда да те води, а јас те поздравувам со пораката „Христос се роди“.

Да успееме да ја зачуваме магијата на Божиќ во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Среќен Божиќ!

Вербата ја прави секоја мисија возможна, надежта го прави секој подвиг достижен, љубовта ги прави сите наши дела прекрасни. Имај ги сите три овој Божиќ.

На денешен ден се роди бебе во Витлеем. Нека Неговиот мир, љубовта и истрајноста се спуштат над тебе и нека останат со тебе засекогаш! Ти посакувам радосен Божиќ.

Нека овој ден ни ги исполни срцата со блаженство, нека нè потсети да го прославиме Исусовото раѓање и нека ни ги исполни домовите со мир и хармонија. Среќен Божиќ, Христос се роди!

Нека ветерот на љубовта и радоста го посети твојот дом овој Божиќ и нека живее со тебе и со твоето семејство засекогаш. Ти посакувам Среќен Божиќ.

Ти посакувам најголема среќа, најдобро здравје, најсилна љубов, највкусна трпеза и најчудесен Божиќ.

Нека Божиќ го исполни твојот дом со радост, твоето срце со љубов, а твојот живот со смеа. Мирот и блаженството нека бидат со тебе во текот на целата година. Христос се роди!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.