Почетна » Новости » Занимливости » Позитивно видео: Танчари од Скопје танцуваат на дистанца на отворено

Позитивно видео: Танчари од Скопје танцуваат на дистанца на отворено

Потпирајќи се на мотото #ЗдравјетоПредСе #СпортувајЗаДаБидешЗдрав, танцовите клубови „Брејк а Лег“, „Аква“ и „Ит Да Бит“ од Скопје снимија видео од заедничкиот тренинг што го одржаа на отворено на паркингот на СЦ Борис Трајковски.

Младите ентузијасти изведоа кореографија на хитот „Can't Stop The Feeling“ и ја испратија пораката „Танцувај За Да Бидеш Здрав“.

„Спортувањето и здравиот начин на живот се основните предуслови за подобар имунитет во борбата со корона вирусот. Спортот значи дисциплина, а тоа значи дека нашите членови ги почитуваат сите мерки и протоколи. Досега за 2 и пол месеци немаме ниту еден случај на корона помеѓу нашите членови, што е доказ дека танцот е безбеден спорт и протоколите за кои се изборивме се доволни за заштита на нашите членови и нивните семејства.“

„Мораме да го поттикнеме спортувањето во услови на онлајн настава каде ризикот од појава на физички деформитети значително е зголемен. Ова видео е поддршка до сите танцови клубови во Македонија и светот нивната пожртвуваност во создавањето на здрави генерации“ – се вели во нивното соопштение.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.