Ана Бунтеска ќе ја посети Битола по повод промотивен настан за нејзините дела „Понеделнички муабет“ и „Најди ми име“.
„После подолго време, повторно онаму каде што срцето ми се полни со радост и со тага... Доаѓаме заедно со мојот грб и поддршка Ана Иванова од Просветно дело“ – пишува таа, најавувајќи го своето патување кон Градот на конзулите.

Настанот ќе се одржи на 29 февруари (сабота) од 18 часот во „Порта џез“.